Македонија

„Алкалоид“ ќе гази во Русија

22 Jan 2019

Фармацевтската индустрија „Алкалоид“ АД од Скопје по Нова година ќе тргне агресивно во настапот на големиот руски пазар.

Добивањето на Сертификатот за добра производна практика од страна на Министерството за трговија и индустрија на Руската Федерација ги отвори вратите за поголемо присуство и извоз на нови бренд генерични производи наменети за потрошувачите во оваа земја.

Во тек е регистрација на неколку од брендовите од портфолиото на компанијата, што ќе придонесе за значајно зголемување на нашето присуство во оваа земја. Од нашиот вкупен извоз, 6 отсто се реализираат на пазарите на Руската Федерација и Заедницата на независни држави. Лани на овие пазари пласиравме производи во вредност од над 8 милиони евра, а годинава до ноември тој извоз изнесува 6 милиони евра. Намалувањето претежно се должи на флуктуацијата на руската рубља. Во однос на пласманите на рускиот пазар од страна на фармацевтските компании од регионов заостануваме и сега тргнуваме таквата состојба да ја измениме, изјави Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид“.

„Алкалоид“ е присутен во Русија веќе 18 години.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...