Македонија

Кочанскиот ориз не е со ГМО

18 Sep 2018
Оризот од Кочанско не е генетски модифициран, покажаа суперанализите направени во германската лабораторија „Еурофинс ХОС Тестинга" во Софија.
 
Благој Индов, директор на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ), рече дека станува збор за сортите ориз кои по првичните анализи на Факултетот за ветеринарна медицина покажаа присуство на ГМО.
 
Резултатите од суперанализата на позитивните примероци ориз кои беа испратени во акредитирана лабораторија на ЕУ се негативни. Тоа значи дека оризот од кој беа земени примероците не е генетски модифициран, информира Индов.
 
Инспекторатот исконтролирал повеќе складови и земал вкупно седум мостри од сомнителните сорти. Кај две резултатите биле позитивни за ГМО поради што биле испратени на суперанализа.
 

Примероци за анализа ќе се земат и од следната реколта. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...