Македонија

Сертификат за компаниите - „Фер со потрошувачите“

27 Jun 2018
За имплементирана фер трговска практика во своето работење, македонските компании за првпат ќе може да се стекнат со сертификат „Фер со потрошувачот"

Сертификатот „Фер со потрошувачот" е заснован на стандардот ISO 26000, а ќе се издава од 11 граѓански организации ширум Македонија. Носители на проектот се асоцијацијацијата „Зенит", Организација на потрошувачи на Македонија и здружението „Креација". 

Придобивките од добивањето на сертификатот за компаниите се: подобрување на односот производител-потрошувач, зголемување на довербата меѓу двете страни и поголема конкурентност на компаниите на домашниот и на странскиот пазар. 
 
Потрошувачите кога ќе видат знак „Фер со потрошувачот" истакнато во просториите или производите на некоја компанија можат да бидат сигурни дека таа компанија ќе се грижи да ги заштити нивните права доколку настане проблем  било со користење на производот или услугата. Ќе биде сигурен дека ќе има постапка за спогодбено решавање, за да се задоволи интересот на двете страни, изјави Александар Николов, од асоцијацијацијата „Зенит".
 
Тој ги објасни шесте области во кои се најчести поплаките на потрошувачите, а тоа се: информирање на потрошувачите за производите и услугите, дали се фер договорите што ги склучуваат потрошувачите со производителите, ги регулира гаранцијата, сервисирањето и техничката поддршка и едукацијата на потрошувачите. Најголемиот број поплаки до Организацијата на потрошувачите на Македонија се однесуваат на гаранцијата на производот и сервисните услуги, проблем е заведувачкото рекламирање на компаниите кои создаваат погрешна слика за производот и услугите како и неисполнетите ветувања на туристичките агенции.
 
Секоја од сертифицираните компании ќе добие и софтвер за управување со поплаки од страна на потрошувачите и бесплатен план за подобрување на односот кон потрошувачите.
 
Оние компании кои имаат фер трговска практика ќе имаат теренски верификатор кој што ќе ги анализира компаниите и доколку некои критериуми се исполнети околу 50% до 60% тогаш таа компанија ќе се сертифицира, објасни Мартина Билјароска, од граѓанската организација АГТИС. 
 
Првите 46 компании од Македонија бесплатно ќе се стекнат со овој сертификат, а во иднина тој ќе се наплаќа.

Се очекува првите сертификати да бидат доделени во текот на летото.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...