Македонија

Започна 10 FMCG Summit – најголемиот трговски настан на годината

31 Oct 2024

Денеска во  „Александар Палас“, започна јубилејниот 10 FMCG Summit, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.

Повеќе од 400 гости, меѓу кои се сопственици на компании, дистрибутери, раководители, менаџери, продажни агенти, производители, членови на Стопанските комори, трговци, претставници од придружните индустрии на FMCG секторот...ќе имаат можност да ги слушнат инспиративните презентации на говорниците на годинешниот самит.

         

Дел од темите на годинешниот 10 FMCG Summit  се:

  • Контролингот како двигател на деловниот раст: Како да се искористат податоците за стратешки успех,
  • Дали го имаме вистинскиот производ по вистинска цена на вистинското место?, GenAl и иднината на иновациите во областа на FMCG
  • Како да се искористат податоците за стратешки успех,
  • НЛП алатки за успешно преговарање 

На 10 FMCG Summit говорници се: 

  • Виторија Гамбираси, маркетинг професионалец, бизнис консултант, член на Советодавниот одбор на HBR, предавач и гостин професор на 41 North Business School
  • Кристијан Матијашевиќ, основач и директор на консултантската компанија Abnormal
  • Марио Корбар, консултант за IТ деловни решенија, основач на Data Sense
  • Душан Марковиќ, директор за корпоративен маркетинг и ПР во Малиќи Груп
  • Анита Спасовска, генерален менаџер – Wise Consulting
  • Сергеј Зафироски, сопственик и генерален Директор на INSIDER ID Ltd
  • Селма Кадиќ-Маглајлиќ е вонреден професор по маркетинг на бизнис школата во Копенхаген
  • Сеад Делалиќ, директор за AI/ML во Info Studio
  • Драган Теодоровиќ ,Client Business Partner – NielsenIQ
  • Методија Христовски, менаџер за логистика во Nelt ST
  • Елизабета Јовановска, сопственичка на  Abilitis.

Ќе следува и панел дискусија, насловена: Како до FAIR PLAY во малопродажниот сектор? На која ќе учествуваат министерот за економија, Бесар Дурмиши, генералниот менаџер на СИЗ – ЛКА, Драган Иванов, генералниот менаџер на „Даути комерц“, Џемаил Даути и генералниот менаџер на „Випро“, Виктор Петров.

На 10 FMCG Summit  гостите ќе имаат ексклузивна можност за дискусија и одговори на клучните прашања поврзани со актуелниот Закон за нефер трговски практики и надминувањето на пазарните предизвици.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...