Цените нема да се замрзнат, туку ќе се ограничи бруто профитната маржа на стотина основни прехранбени производи до 10 отсто, соопшти денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
Како што соопшти Дурмиши, за оваа мерка владата најверојатно ќе дискутира на следната седница идната недела. Со мерката ќе бидат опфатени лебот, пекарски и млечни производи, овошје, зеленчук,…
Оваа мерка ќе биде краткорочна и во сила еден месец. Праксата на нејзиното донесување ќе продолжи за новогодишните и сите следни празници, истакна Дурмиши.
Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека вчера имало предлог од министерството за економија и труд за есенската потрошувачка кошница, кој бил резултат од средбата на надлежните со производителите и маркетите.
Според Мицкоски, на следната владина седница која ќе биде во вторник, постигнатиот договор ќе биде презентиран и одобрен.
Сакаме да ги помине и оние филтри како што се генерален колегиум и комисија за економски систем и веќе очекувам на следната владина седница да биде на дневен ред, истакна Мицкоски.
Во врска со законот за нефертрговски практики, кој треба да стапи во сила на 28 септември, премиерот истакна дека неговата примена ќе оди според предвиденото доколку не добијат конечен став од бизнис секторот.
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.