Македонија

Отворена реновираната dm во „Капитол мол“

06 Sep 2024

На 5 септември dm ја отвори својата уште поубава, реновирана дрогерија во ТЦ „Капитол“. Со ова, dm покажа дека е компанија која секогаш се труди на своите купувачи да им обезбеди најпријатна атмосфера и услови за пазарување.

Старо-новата реновирана дрогерија се простира на 392,24 m2 продажен простор и 90,42 m2 магацински простор и помошен простор. Со реновирањето, проширени се одредени категории на производи и инвестирано е во нова опрема, со која ќе се подобри единственото искуство за пазарување за купувачите, но и ќе се олесни функционирањето на дрогеријата.

Како општествено-одговорна компанија, во чии работни принципи длабоко е вкоренета општествената одговорност, и која помага во средината во која делува, по повод реотворањето на својата дрогерија во ТЦ Capitol Mall dm донираше 121.000 денари кон ООУ „Св. Кирил и Методиј“ с.Кучевиште, Скопје, соопштуваат од компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...