На производите кои имаат гарантирана цена нема да има ДДВ поголем од пет отсто. Цената на овие основни прехранбени производи може да биде само дополнително намалена, но никако и зголемена, вели министерот за економија Крешник Бектеши.
„Им гарантирам на граѓаните дека ако во листата на производи со зголемено ДДВ има технички грешки направени од вработените во Министерството за финансии, тоа утре ќе биде ревидирано. Во однос на другите производи, тоа е одлука на Министерството за финансии и ќе имаме можност дополнително да ја разгледуваме. Јас утрово разгледав одредени производи од листата, во текот на денот ќе ја прочитам цела листа и ако има потреба утре на владина седница како Министерство за економија ќе го кажеме нашиот став“, рече Бектеши на прес конференцијата.
Министерот додаде и дека основните прехранбени производи опфатени со одлуката за гарантирана цена ќе бидат само намалени, и не може да се случи да бидат зголемени.
„Нема опција тие да бидат поскапени“, рече Бектеши.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.