Во Спортско-рекреативниот комплекс во Куманово денеска ќе бидат отворени шестиот меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза“ и вториот меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АгроМак“.
На саемот активно учество ќе земат околу 10.000 луѓе од кои 250 до 300 излагачи од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Република Српска, Босна и Херцеговина, Словачка, Унгарија, Црна Гора, Косово, Турција и други.
Саемите имаат уникатна програма која вклучува повеќе содржински компоненти и тоа изложбен, дел на кој преку свои штандови учество ќе земат производители, откупувачи и преработувачи на храна, пијалaци и земјоделски производи, производители на, и трговци со амбалажа, алати, опрема, машини и механизација, како и производители и трговци на семе и саден материјал, хортикултура и инпути во земјоделско производство.
Втората компонента на саемот е промотивен дел за претставување на општини, стопански комори, кластери, асоцијации, федерации, задруги, здруженија, владини и невладини организации и агенции, но и Здруженијата на заедниците на националностите во РСМ. Во рамки на саемот е предвидена и едукација и средби и презентации на компании, како и ревијална изложба на украсни, пердувести животни и домашни миленици.
Во рамки на саемите „Органска трпеза“ и „АгроМак“, годинава ќе се организираат и манифестациите „Денови на традицијата“, „Кумановска празијада“ и „Суџуклијада“.
Саемите се во организација на Здружението за развој на земјоделство и заштита на животна средина „ЖИВОТ“ и Комората на органски производители – КОП од Куманово, кои се поддржани од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија и Општина Куманово,
Се вчитува следна вест...