Македонија

Детска трка на „Виталиа“ во Градски парк

26 Sep 2023

Околу 1.200 деца се пријавија на Детската трка во организација на компанијата „Виталиа“, која се одржа во Градскиот парк во Скопје.

Како што соопштуваат од компанијата, паркот бил полн со забава, смеа и детска радост, а сите учесници добиле и пакети со производи на „Виталиа“.

Се надеваме дека на овој начин дадовме добар пример како една компанија треба да ја развива својата општествена одговорност и да поттикнува здрави навики од најмала возраст. Бевме пријатно изненадени од големиот број на пријавени и особено сме задоволни што имаше голема посетеност и присуство на настанот. Би сакале овој настан да прерасне во традиција, изјавија од „Виталиа“.

Од компанијата информираат дека иако трката се одржа во Градскиот парк во Скопје, меѓу пријавените и посетителите имало од сите краишта на Македонија: Пораката одекна силно, што всушност беше поентата на овој настан – да има само победници и сите деца добија медали.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...