Македонија

Доколку се вратат во земјава, АХВ ќе ги уништи небезбедните пиперки кои беа увезени во Хрватска

21 Sep 2023

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку  апликацијата RASFF Window од Системот за предупредување за небезбедна храна  на Европската унија (RASFF) доби нотификација за небезбеден производ од категоријата овошје и зеленчук извезен од нашава земја - свежи пиперки наменети за пазарот во Хрватска, потврдија од АХВ по објавите во хрватските медиуми за небезбедни пиперки од Македонија.

При спроведена гранична контрола земениот примерок за лабораториска анализа покажал отстапување во однос на присуство на резидуи од пестициди. Имено, добиениот резултат покажал присуство на остатоци од пестицидот форметанат и вредност која  претставува сериозен ризик по здравјето на луѓето. 

Од страна на хрватските власти забранет е увоз на спорниот производ. 

Доколку пратката со небезбедните производи се врати во земјава, АХВ ќе издаде налог за нејзино нештетно уништување кое ќе се реализира под надзор на инспекциските служби, соопштија од АХВ. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...