Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска изјави дека се почитува владината одлука од страна на трговците во врска со поевтинувањето на основните прехранбени производи за најмалку десет отсто. Од следната недела треба да се намали и цената на пијалоците за минимум десет проценти.Инспекциски контроли ќе има до крајот на ноември, а секоја нерегуларност, граѓаните ќе можат да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).
Повеќе од задоволен сум од тоа што вчера се случуваше во секторот трговија, посебно од компаниите и сите синџири маркети, но и од производителите и дистрибутерите. До денешниот ден, пред оваа посета, добивме неколку писма од наши производители, генерално на минерална вода, сокови и на светло пиво, кои од наредната недела ќе почнат со намалување на цените од минимум десет отсто, намалување директно од страна на производителите, изјави Бектеши по посетата на логистичкиот центар на КАМ маркет во општина Илинден.
Во однос на намалувањето на добивката која трговците ќе ја имаат по поевтинувањето на производите, од менаџментот на КАМ беше кажано дека пресметките сè уште не се направени.
Одлуката на Владата ќе важи до 30 ноември, а министерот за економија очекува дека целокупната инфлација во делот на храната ќе се намали за четири до пет отсто до крајот на ноември.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.