„Лидл“ ќе гради логистички центар во индустриска развојна зона во Горно Коњаре кај Куманово.
Според соопштението објавено од Општина Куманово, вчера на јавно наддавање продадено е земјиште на „Лидл“ за изградба на логистички центар. Компанијата купи земјиште со површина од 17 хектари (170.996 м2) за кои ќе плати 5,3 милиони евра.
Најповолен понудувач со највисока понудена цена имаше компанијата ДТМ ЛИДЛ Северна Македонија ДООЕЛ, со седиште во Скопје. Најповолната понуда изнесува 1906 денари за 1м2, или вкупно за 170.996м2 (~17ха) е 325.920.015 денари (~5,3 милиони евра), стои во соопштението на општината.
Како што е соопштено, по завршување на административната постапка за избор на најповолен понудувач и по исполнувањето на сите услови пропишани во јавниот повик, имотот ќе премине во сопственост на најповолниот понудувач по што ќе следува реализација на инвестицијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.