Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат намалување на прометот во маркетите.
Во трговијата на мало, во јули годинава, во споредба со истиот месец лани, гледано по групи и класи, зголемување на прометот кај номиналните и реалните стапки е забележано само во групата трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, и тоа номинално за 7,6%, а реално за 0,5%. Во групите трговија на мало, освен трговија со горива, прометот номинално е зголемен за 1,5%, а реално бележи пад за 6,5%, соопшти Државниот завод за статистика.
Во групата трговија на мало со автомобилски горива, прометот номинално опаѓа за 20,6 %, а реално расте за 5,5%. Пад и кај двете стапки е забележан во групата трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, и тоа номинално за 4,2%, а реално за 13%.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.