Дали има неоправдано повисоки излезни цени од производството, дали во трговијата неоправдано се ставаат големи маржи, или пак има здружување на компании од одредена дејност со цел да постигнат повисоки цени министерот за економија Крешник Бектеши рече дека треба сето тоа да се утврди преку анализите што се добиваат на дневна основа. На тој начин ќе се одлучи дали ќе има нови мерки против инфлацијата, или не, но притоа ги повика надлежните институции да ги искористат своите законски можности за неетичко однесување кон потрошувачите.
Ние не можеме да се мешаме во работата на таа Комисија директно, зашто се избира од Собранието на Северна Македонија. Затоа почнавме измени во Законот со кој се определува работата на оваа Комисија. И ова не може само во време на криза. Комисијата треба да ги разгледа и другите аспекти – од национален интерес, на одредени компании каде имаше заложба да вршат јавна услуга, а излегуваат во 5 до 12 со став дека ќе ги остават граѓаните без јавни услуги. Такво однесување без да се преземе мерка од Комисијата, во некоја држава не верувам дека може да се случи, рече министерот Бектеши.
Доколку има потреба мерки ќе се воведат, а доколку се утврди дека трговците манипулираат со цените можно е да има и забранат за работа.
Треба да имаме конкретни анализи каде се случува поскапувањето – дали во синџирот на трговијата или има нови цени формирани од страна на производителите. Во делот на одредени производи ние сме повеќе зависни од увоз и таму не можеме да имаме никакво влијание. За домашните производи секако дека имаме механизми и такви механизми веќе имплементираме. Производствените компании во земјава добиваат милионски суми како директна финансиска поддршка од Владата годишно за секоја инвестиција и да се книжат и тие грантови што ги добиваат во формирање на производните цени за мене е неприфатливо. Кога се случуваат вакви неконтролирани зголемувања на цените, кои не се основани, во согласност со првичните информации што сум ги добил денеска, ако има здружување на одредени сектори, јас сум за да се оди и на Законот за заштита на потрошувачите, каде што се предвидени и поригорозни мерки, а ги знаете кои се поригорозните мерки. Таму има и забрана за вршење дејност, изјави Бектеши.
Засилени инспекции и ажурни иснпекциски служби е нешто на што алрамираше министерот за економија.
Да не постапат институциите во вакви кризи само со пријави или најави на потрошувачи или ќе излезе нешто во медиуми и потоа прават контроли. Обврска на институциите што треба да направат инспекциски надзор е да контролираат и да прават редовни инспекциски надзори согласно програмите на неделно, месечно, годишно ниво. Не може да оставаме таквите институции да не бидат експедитвни и со месеци по најава на одреден потрошувач да преземат соодветна мерка, рече Бектеши.
Бизнис заедницата е децидна, замрзнување на цени и ограничување на маржи е погрешен потег. Цените треба слободно да се формираат на пазарот бидејќи во отворена економија, пазарот а не Владата ги диктира цените.
Слободниот пазар ги носи и цените, сите други мерки што треба Владата да ги преземе, ние сакаме да се преземат мерки, но не да се замрнуваат цените, зашто тука веќе доаѓа до други вредности кои не се добри за бизнисот. Намалување на ДДВ, намалување на данокот, да се делува со државни резерви, има други методи кои треба да се разгледаат, изјави Менди Ќура, престедател на Стопанската Комора на Северозападна Македонија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.