Брендот СКОПСКО во рамки на својата долгорочна платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност“ постави пловни препреки на реките Сатеска и Даљан. Главна цел на платформата е заштита на животната средина со фокус на чистењето од отпад на националните обележја и намалувње на загадувањето.
Двете реки се идентификувани како едни од поголемите загадувачи на езерото со пловен и пакувачки отпад и со овие препреки директно се адресира тој проблем.
Благодарение на потрошувачите кои се вклучија во иницијативата за издвојување 1 денар од секое продадено стаклено шише со посебна етикета СКОПСКО и СКОПСКО Smooth, беа обезбедени средства за поставување на пловни препреки, акции за чистење на крајбрежјето и дното на Охридското Езеро и активности за подигнување на свесноста. Во фокусот на Скопско како бренд останува да ги инспирира луѓето да се обединат за подобра иднина, бидејќи заедно ја делиме одговорноста да го исчистиме и да го заштитиме од загадување она што е наша гордост – природните и културни обележја на нашата земја, изјави Душан Митрев, генерален директор на „Пивара Скопје“.
Овој проект е во согласност со заложбите на „Пивара Скопје“ за одржливост и Свет без отпад до 2030 година, како и за намалување на ЦО2 емисиите на компанијата до 2040 година.
Пловните препреки на Сатеска и Даљан што ги поставија стручните тимови на „Пакомак“ ќе функционираат како физичка бариера која го сопира пловниот и пакувачки отпад за да не заврши во Охридското Езеро. Отпадот ќе се собира, селектира и рециклира што е еден од најлесно применливите модели од циркуларната економија кон која стремиме. Горди сме што сме дел од овој проект и што заедно со „Пивара Скопје“ во континуитет работиме на ефикасни решенија за одржливост и зелена иднина, изјави Ико Брдароски, Менаџер за развој на бизнис и комуникации во „Пакомак“.
Во досега реализираните активности се вклучија нуркачките клубови, волонтери, активисти од трите општини и многу заинтересирани граѓани кои заедно чистеа на повеќе локации во и околу езерото. Во изминатите неколку недели се организираа акции за чистење во Охрид, Струга и Дебрца и на трите локации беа собрани 200 кеси со отпад.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.