Македонија

УЈП го одложи генералниот штрајк закажан за денес

27 Jun 2023

Синдикатот на вработените во Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека го одложуваат генералниот штрајк закажан за денес. Одлуката да се одложи штрајкот како што велат од Синдикатот на вработените во УЈП,  е поради одложувањето на процесот на помирување.

Назначениот помирувач Лазар Јовевски вчера побарал иземање. Помирувачот се иззема. Бил во странство, а рокот за да постапи му е три дена. Во тој период не можел да се врати. Утре ние треба да предложиме некого, да пуштиме писмо до Министерството за труд и социјална политика, изјавија од Синдикатот на УЈП.

Вработените во УЈП веќе три недели протестираат со барање да се почитува колективниот договор и да им се зголемат платите за 30 отсто исто како што тоа беше направено со вработените во Министерството за финансии.

Вицепремиертот Фатмир Битиќи смета дека барањата на УЈП за повисока плата не се целосно во согласност со законите и најавува дека општиот Колективен договор со новата методологија, кој ќе се презентира во четврток на Економско социјалниот совет е дел од решението.

Од Синдикатот на УЈП стојат цврство на ставот дека го бараат тоа што им следува согласно постоечкиот Колективен договор кој е на сила.

Вработените во УЈП и денес ќе протестираат во периодот од 10 до 12 часот, како што тоа го прават секој ден.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...