„КАМ маркет“, најпосакуваниот работодавач во категоријата маркети за изминатата година, значително го зголемува регресот за годишен одмор, кој годинава ќе изнесува 37.600 денари, соопшти трговецот.
Со новото зголемување, регресот е за 14 отсто повисок од исплатениот регрес за минатата година, а 175 отсто повисок од законски утврдениот минимален регрес.
Покрај зголемувањето на регресот за годишен одмор, од „КАМ“ најавија и дополнително проширување на листата на бенефиции. Покрај овозможениот платен превоз и топол оброк за вработените во Логистичкиот центар, новини се: обезбеден бесплатен превоз за вработените во маркетите со место на живеење над 5 километри од работното место како и колективно осигурување за сите вработени.
Луѓето се највредниот капитал на секоја компанија, а ние во „КАМ“ сме свесни за тоа. Токму затоа продолжуваме да ги подобруваме условите за работа и да им овозможиме придобивки поради кои ќе бидат задоволни, а со тоа и попродуктивни. Тоа е и наша обврска – да го оправдаме епитетот „најпосакуван работадавач во категоријата маркети“. Дека сме на вистинскиот пат зборува и податокот дека речиси 20 отсто од вработените во „КАМ“ станале дел од нашето големо семејство благодарение на акцијата „Доведи пријател“. Во рамките на оваа акција сегашните вработени добиваат паричен надомест доколку препорачаат лице што потоа ќе стане дел од нашиот тим, велат од „КАМ“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.