Македонија

Над 250 платни налози изречени при контролите на Пазарниот инспекторат во првата половина на мај

18 May 2023

Над 250 прекршочни платни налози изрекле инспекторите на Пазарниот инспекторат при направените надзори во периодот од 1 до 14 овој месец. 

Од Државниот пазарен инспекторат денеска информираа дека извршени се над 1.100 надзори и издадени се прекршочни платни налози во вкупна вредност од нас 10,580,000 денари. Најголем дел од платните налози (90) изречени се по основ на Законот за трговија, потоа 67 по Законот за финансиска дисциплина, 22 по Законот за заштита од пушење и 15 по Законот за угостителска дејност. 

По однос на одлуките на Владата за замрзнување на цените, извршени се над 360 надзори и издадени 53 платни налози во вредност од 1,150,000 денари.

Сите економски субјекти, имаат можност да си ги платат прекшочните платни налози, или да си го остварат своето право доколку имаат забелешка во судска постапка. Инспекторите кои што констатирале прекршок кај економските субјекти ќе се појавуваат на судските рочишта, и ќе ги застапуваат и бранат законите по кои што ги констатирале прекршоците, се наведува во соопштението од Државниот пазарен инспекторат.

Од Инспекторатот ги охрабруваат граѓаните доколку забележат одредена неправилност или сомнеж за измама, а се однесува на нив како потрошувачи, да пријават. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...