Климе Булоски е новиот извршен директор на „Еуро табак“ кој на оваа позиција доаѓа од позицијата директор за продажба и маркетинг.
Тој е магистер по машински науки, со 14 години искуство во сопствени фирми за продажба и производство.
Во „Еуро табак“ сум повеќе од 7 години и возбуден сум што ќе ја преземам оваа нова улога. Ова е нов предизвик и уверен сум дека со нашиот тим ќе ја поттикнеме компанијата напред во понатамошен успех и раст, изјави Булоски.
Во интервјуто за InStore, објавено во 2021 година со Булоски отворивме многу интересни теми за моменталната состојба на дистрибутивните компании во Македонија, но и за трендовите кои, според него, нема да го заобиколат нашиот пазар.
„Еуро табак“ во континуитет ги следи новите технологии, ги развива вештините на своите тимови и соодветно ги применува во секојдневното работење. Современото технолошко решение за магацинско работење и оптимизирањето на испораките се последните унапредувања што ги направивме, а во тек се уште неколку вакви проекти кои треба да нè однесат на повисоко технолошко ниво во овој бизнис, истакна Булоски.
Целото интервју може да го прочитате тука.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.