Корисниците на вендинг машините за одложување на отпад отсега ќе можат да ги донираат собраните „зелени поени“ за СОС Детско село и да им помогнат на децата без родителска грижа да имаат посигурно и посреќно детско, велат од „Пакомак“.
Средствата се собираат преку одложување на отпад во вендинг машините поставени од „Пакомак“ и активирање на мобилната апликација Ecomak која доделува поени во зависност од количината на отпад која ја одложува корисникот. Со помош на собраните средства, ќе се покријат дел од трошоците за психо-педагошка поддршка како и логопедски дефектолошки третман за децата без родители поддржани од СОС Детско село.
Оваа иницијатива „Пакомак“ ја започнува симболично на интернационалниот Ден на семејството, за да потсети на важноста на грижата на децата.
Повратните вендинг машини претставуваат современа технологија која овозможува софистициран начин на собирање на отпадот. Тие служат како одложување на отпадот, но нудат и стимулација за населението да ги селектира пластичните шишиња и лименките, благодарение на нивниот систем за наградување на собирачот.
– Овие машини се синхронизирани со мобилната апликација Ecomak преку која се собираат наградните „зелени поени“, кои потоа можат да се искористат за купување ваучери и производи, а отсега и за поддршка на децата од СОС Детското село.
Апликацијата е комплетно бесплатна и достапна за преземање за сите Apple и Android корисници, посочуваат од „Пакомак“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.