Додека се соочуваме со предизвиците на зголемената инфлација, која предизвика раст на цените во сите индустрии, па и во млечната, „Бимилк“ деновиве излегува на пазарот со гратис количина на омилените млечни производи, сега достапни во поголеми пакувања, а по истите цени како постоечките производи, соопштија од компанијата.
Опфатени се производите:
• Битолски јогурт 1450г + 250г;
• Битолски густ јогурт 1450г + 250г;
• Баланс+ 1450г + 250г;
• Битолско кисело млеко 400г + 80г.
Сметаме дека нашите производи се неприкосновен дел од секојдневната здрава исхрана, а „Бимилк“ како компанија која создава производи со врвен квалитет - докажан повеќе од 70 години, секогаш е посветена да ги задоволи потребите на нашите потрошувачи. Секој денар е важен, а ова се времиња кога тоа особено значи. Токму затоа оваа кампања има за цел да ја покаже нашата благодарност кон верните потрошувачи и нивната лојалност. Активно ги следиме нивните потреби и оваа кампања е одговор на тоа, изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер на „Бимилк“.
Се вчитува следна вест...