Македонија

„Гроздановски“ инвестира во нова автоматска линија за сецкање

07 Apr 2023

Месната индустрија „Гроздановски“ инвестираше во нова автоматска линија за сецкање (слајс) на сувомесни производи и егализација на истите од познатиот германски бренд Bizzerba. Линијата е набавена од овластениот застапник и сервисер „Интрама ДООЕЛ“, кои ја инсталираа во нашиот погон, ја пуштија во употреба и од истата добивме одличен квалитет и максимална прецизност, соопштија од компанијата. 

Во поглед на работењето, линијата значи нови вработувања, зголемување на производството, раст на продажбата и зајакнување на брендот.

Со новата инвестиција во линија за слајс и егализација на производите за почеток планираме да отпочнеме со три старо-нови производи, односно со нашите познати домашни производи - чадени само на дрва по кои сме препознатливи и традиционално ги произведуваме веќе три генерации. Овие производи ќе бидат понудени на пазарот во нов облик по интересен и по достапен за потрошувачите, изјави за InStore сопственикот Дејан Гроздановски. 

Според него, производите во новата форма ќе бидат исецкани на тенки парчиња, егализирани во прецизни мали грамажи и спакувани во вакум фолија, идеални за еднократна употреба.

На тој начин домашните производи ќе бидат достапни за секого и секој ќе може да си дозволи да купи високо квалитетен Домашен производ - чаден само на дрва, на стар традиционален македонски начин. Подготовката на дизајнот и амбалажа за новите производи е во тек и очекуваме најдоцна до крајот на следниот месец да бидат влистани во маркетите, вели Гроздановски. 

Компанијата пред извесно време инвестираше и во земјиште со површина од 10.000м2 за изградба на нов погон за преработка на месо на локација надвор од Куманово, за што е поднесена иницијатива за пренамена и урбанизација на земјиштето.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...