Македонија

Од следната недела ќе поевтини брашното?

24 Mar 2023

Министерот за економија, Крешник Бектеши, на својот фејсбук профил објави дека производителите на брашно во државата следната недела дополнително ќе ја намалат цената на брашното. 

Денеска бев информиран дека од наредна недела ќе следи дополнително намалување на цената на брашното од нашите производители! Нашата држава има општествено одговорни компании!, напиша Бектеши. 

Најавувајќи го замрзнувањето на цените на јацата и оризот на прес-конференција неделава, Бектеши рече дека кај брашното и кај шеќерот има тренд на намалување на цените и поради тоа засега нема да се носат мерки за замрзнување на цените на овие производи. 

Претходно, Владата ги замрзна цените на белиот и полубелиот леб, тестенините, млекото и млечните производи, а последната одлука неделава се однесуваше на замрзнување на цените на јајцата и на оризот.  

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...