Македонија

Над 4 милиони денари поради непочитувањето на замрзнатите цени

21 мар 2023

Поради непочитување на замрзнатите цени Државниот пазарен инспекторат од одредени трговци ќе наплати 4 милиони денари.

Во периодот од 06.03 до 13.03.2023 година Државнит пазарен инспекторат изврш над 450 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија. Во овој период, наплатени и издадени се над 115 прекршочни платни налози со вредност над 4 милиони денари.

Како што соопштуваат од институцијата, се прават континуирани инспекциски надзори кај трговците на големо и мало во делот на почитување на Одлуката за замрзнување на цената на лебот до 33 денари и Одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед.

Во горенаведениот период на територија на Република Северна Македонија се извршени над 45 инспекциски надзори по Одлуките за посебни услови за трговија на одделни стоки. Во некои економски субјекти констатирани се прекршоци за што се издадени прекршочни платни налози во висина од над 205.000 денари.

Како институција ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности. Пазарниот инспекторат постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа, соопшти Државниот пазарен инспекторат.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...