Македонија

Трговец казнет со 7.000 евра оти не ја почитувал замрзнатата цена на лебот

17 мар 2023

Државниот пазарен инспекторат(ДПИ) вчера казнувал за кршење на одлуката на владата за замрзнати цени на одредени производи, објави синоќа Горан Трајковски, директор на ДПИ. 

Одлуките се почитуваат, мерките дадоа пониски цени! Од она што денес јас го видов на терен заедно со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши, како и информациите од моите колеги од пазарниот инспекторат, во целата земја се почитуваат мерките од Одлуките на Владата за намалување на цените на тестенините и млечните производи. Извршени се над 100 надзори и контроли, повеќето трговци ги почитуваат одлуките, освен еден економски субјект, каде е утврдено дека е прекршена одлуката за замрзнување на цената на лебот до 33 денари, за што е издаден прекршочен платен налог во вредност од 7.000 евра за правното лице и 350 евра за одговорното лице, се вели во објавата на Трајковски. Во истата не се наведува кој е казнетиот економски оператор. 

Тој најави дека инспекторите и понатаму се на терен и вршат контроли по основ на одлуките донесени од Владата. 

Фото: Принтскрин/facebook
 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...