„Пивара Скопје“ ја прошири понудата со производите на Campari Group. Со ова, како ексклузивен увозник и дистрибутер, „Пивара Скопје“ ја почнува продажбата на светски познатите брендови Aperol, Campari, Bulldog, Bickens, Cinzano, Ouzo 12, SKYY и Wild Turkey, соопштија од компанијата.
Campari Group располага со портфолио од над 50 премиум и супер премиум брендови кои се дистрибуираат во повеќе од 190 земји ширум светот и е глобално познат бренд кој ја дели визијата и страста за квалитет, иновации и врвна услуга.
Нашата визија е да станеме водечки партнер за пијалоци 24/7 и континуирано го развиваме нашето портфолио за да создадеме уникатни искуства за нашите купувачи и потрошувачи 24 часа на ден. Возбуден сум што можам да го објавам почетокот на нашата соработка со Campari Group, чии брендови, како Aperol, имаат голем потенцијал во нашиот регион и се целосно комплементарни со нашето постоечко портфолио на врвни пијалаци. Со нетрпение очекуваме да продолжиме да создаваме дополнителна вредност за сите партнери на „Пивара Скопје“, изјави Горан Сладиќ, генерален директор на „Пивара Скопје“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.