Владата до крајот на неделата ќе донесе одлука за намалување на цената на тестенините за 10 отсто, соопшти министерот за економија, Крешник Бектеши, кој очекува трговците самоиницијативно да ја намалат цената дополнително.
Како што изјави синоќа Бектеши за „24Анализа“ тестенините од 51 денар ќе се продаваат за 44 денари, додека тестенините од 60 денари нема да бидат поскапи од 52 денари.
Тој им порача на трговците да се охрабрат и да ги симнат цените и под долната граница која ќе ја одреди Владата.
Како што рече министерот, Владата разговара со трите производители на масло за јадење во земјава, за намалување на цената на овој производ и постигнат е договор. Три големи производители најавија дека ќе имаат цени пониски од 100 денари за литар масло за јадење. Продолжуваме со другите производи, кажа Бектеши.
При крај е анализата за млечните производи. Бектеши им порача на млекарите самоиницијативно да ги спуштат цените пред владата да донесе таква одлука.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.