Македонија

Резултати од работењето на „Жито лукс“

03 Mar 2023

„Жито лукс“  ги објави резултатите од работењето за минатата година според кои компанијата успеала да ги подобри финансиските резултати за 10 милиони денари, на 162,3 илјади евра.

Во 2022 година компанијата оствари загуба пред оданочување  од 113,6 илјади евра (седум милиони денари). Како што образложуваат во извештајот објавен на Македоска берза, причина за негативниот ефект се замрзнатите цени на производите од категоријата леб и брашно во јануари и февруари 2022 година, како и енормното зголемување на цените на енергенсите за 300% и на суровините (пченицата е поскапа за 42 проценти%).

Приходите од продажба се зголемени за 20%, при што оние на домашен пазар бележат зголемување за 20%, додека приходите од продажба на странски пазар се зголемени за 19% во споредба со минатата година. Порастот на продажбите на домашен пазар се должи на корекцијата на цените во текот на годината, но и тие зголемувања не беа доволни за да се покрие континуираниот растечки тренд на цените на инпутите.

„Жито лукс“, и покрај остварените резултати, соопшти дека продолжува интензивно да инвестира. Вкупните инвестиции во периодот на известување се 60.225 илјади денари. Поголемиот дел од нив се однесуваат за обнова на производствената опрема.

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...