Македонија

Бектеши: Производителите на леб имаат обврска да го произведуваат и да го достават лебот

03 Mar 2023

Владата со нова одлука ги обврзува трговците со леб да произведуваат бел и полубел, сечен или на парчиња и истиот да го продаваат по цена од најмногу 33 денари.

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот фб-профил објави: Секој производ ќе го има по фер цени.

Во одлуката објавена и во Службен весник стои: Трговците кои претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење на производство кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници, или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи, имаат обврска да го произведуваат и да го ставаат во промет лебот од член 1 од оваа одлука, во количество од најмалку 80% од производството на овој леб.

Во одлуката е дадена и обврската за плаќање на фактурата во определен рок, така што трговците од членот 2 став 1 од оваа одлука, за испорачаниот леб од член 2 од оваа одлука, на производителот на лебот треба да му платат најдоцна во рок од 20 дена од приемот на фактурата за испорачаниот леб.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...