Македонија

„Цермат“ доби признание за општествено одговорна компанија

21 Feb 2023

Компанијата „Цермат“ доби признание за општествено одговорна компанија од страна на Општинскиот сојуз на спортови, во рамките на традиционалниот годишен избор на најдобри спортисти и екипи на Битола за 2022 година.

Како компанија која зазема силен став за прашања како одржливост, правични работни практики и ангажман во заедницата, изградивме репутација на компанија која се грижи да направи разлика во светот, истовремено приоритетизирајќи го спортот како една од најважните ставки во промовирање на здравиот начин на живот. Упатуваме искрена благодарност до Општинскиот Сојуз на спортови – Битола за добиената плакета, соопштија од „Цермат“. 

Од таму додаваат дека ќе продолжат да имаат позитивно влијание врз заедницата преку своите производи, практики и филантропија, и преку поддршка на спортот и спортските активности.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...