Агенцијата за храна и ветеринарство(АХВ) од македонскиот пазар повлекла сет производи од бамбус, поради потенцијален ризик по здравјето на луѓето.
Производител на овие чинии и чашки е „Дорел“ од Франција, а увозник во Македонија е „Бебе хоум виб“ ДООЕЛ од Скопје. Причината за отповикување е небезбезбедноста на сетот производи.
Ги информираме потрошувачите дека врз основа на добиена нотификација преку РАССФ системот (со број 2023.00120), а по извршена инспекциска контрола, ги отповикуваме и повлекуваме од пазарот следните небезбедни производи: бамбус чинии, бамбус чашки, длабоки чинии, чинии со прегради и сетови. Причина за отповикување е небезбедни производи изработени од бамбусови влакна, со потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Крајните потрошувачи кои ги имаат купено горенаведените производи, не треба ги користат или треба да ги вратат на местото од каде се купени, соопштија од Агенцијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.