Македонија

„Жито Лукс“ со нова донација за Црвениот крст

20 Dec 2022

„Жито Лукс“ денес во Организацијата на Црвениот крст донираше 2.500 парчиња леб наменети за социјално загрозени лица и семејства, како директна помош на најранливите категории граѓани. Вакви донации се честа практика на „Жито Лукс“ бидејќи за семејствата со социјален ризик и ранливите категории граѓани се во постојан фокус, соопштија од компанијата.

Ранливите категории имаат постојана потреба од помош во најразлични намирници, а најважна секако е храната. Токму затоа ние, како најголем производител на леб во државата, настојуваме често, во рамките на нашите можности, да им помагаме на овие семејства и граѓани со донации на наши производи, велат од „Жито Лукс“.

Компанијата има повеќегодишна соработка со Црвениот Крст како организација преку која ја упатува добиената помош.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...