Од денеска очекувајте да го добиете најважното специјално издание за производителите, трговците и дистрибутерите, за целата година – InStore MUST HAVE 2023, што и оваа година го подготвија редакцијата на InStore и „Кликер маркетинг“.
InStore MUST HAVE 2023 е препорака и презентација на најсилните FMCG - брендови на македонскиот пазар, кои задолжително треба да се најдат на полиците во маркетите. Ќе добиете и увид во тоа кои се топ-брендовите на „Веро“, „Тинекс“, „Вива фреш“, „Рамстор“, „Рептил“ и Paket.mk.
Поради континуираната насоченост на InStore да гради нераскинлива врска со брендовите, петта година по ред специјалното издание MUST HAVE ги анализира и поддржува брендовите на македонскиот пазар. Успешно ја подобрува и олеснува комуникацијата меѓу производителите и трговците, помагајќи им во креирањето на асортиманот. Со својата обемна содржина годинашното издание на MUST HAVE ќе биде ваша карта за успешно менаџирање со брендовите и со асортиманот во 2023 година.
Во рамките на петтото издание на MUST HAVE 2023 повторно нудиме одлични и квалитетни содржини:
✔ „Кантар“
✔ „Фокус рисрч“
✔ „Нилсен медиа“
✔ „Индаго“
✔ „Инсајдер“
✔ „Еуромонитор“
✔ „Медиана“
Петтото издание на InStore MUST HAVE 2023 носи новини: визуелни и содржински. Врз основа на многубројните истражувања што ги добивме од водечките агенции во Македонија и во регионот, дојдовме до значајни информации за производителите и дистрибутерите, за тоа што сака потрошувачот, кои брендови сака да ги види на полиците, каква е амбалажата што го привлекува, кои се омилените вкусови и сл.
MUST HAVE 2023 можете да го разгледате ТУКА.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.