Словенечко - македонски форум за економска соработка денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Друштвото на словенечки и македонски стопанственици и Стопанската комора на Северна Македонија по повод 30 години економска соработка меѓу двете држави.
На бизнис форумот ќе учествуваат и министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за стопанство и технолошки развој на Република Словенија, Матјаж Хан.
Министерот Бектеши ќе се обрати на Панел дискусијата насловена „Стратешки области на соработка помеѓу двете економии“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.