Македонија

Почнува 4. Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна - ИСАФ 2022

12 Oct 2022

Во организација на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје, од денеска до петок во Охрид ќе се одржува 4. Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна - ИСАФ 2022.

Како што информираат од Факултетот, симпозиумот претставува продолжување на традицијата на средбата факултет - стопанство, што оваа година ќе се одржи по четиринаесетти пат.

Во рамки на настанот ќе се одржи и средба на деканите од факултетите од областа на земјоделството и храната од Југоисточна Европа, кои истовремено се и коорганизатори на овој меѓународен симпозиум. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...