Од 1 декември ќе има посебна мерка за помош за производителите на леб, масло и други основни прехранбени производи, најави министерот за економија, Крешник Бектеши.
Креираме мерки и за малите компании кои се на слобдниот пазар. За производителите на освните продукти, како леб и масло за јадење, Министерството за економија само што подготви мерка која треба да се операционализира од 1 декември, изјави Бектеши.
Мерката е подготвена во соработка со Министерството за финансии, а целта е да се намали цената на инптутите за основните производи, за да се спречи нивно поскапување.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.