Македонија

Исплатени се субвенциите за пчеларите

23 Aug 2022

Исплатени се субвенциите за пчеларите кои поседуваат минимум 35 регистрирани презимени пчелни семејства, информираат од Министерството за земјоделство.

Исплатени се 210 милиони денари на 5.877 пчелари кои поседуваат минимум 35 регистрирани презимени пчелни семејства. Висината на директните плаќања за презимени пчелни семејства изнесува 600 денари по пчелно семејство, односно 800 денари за оние земјоделски стопанства со пријавен број на пчелни семејства за финансиска поддршка од минимум 50 до максимум 100 пчелни семејства, објави министерот за земјоделство, Љупчо Николовски. 

Следуваат исплатите за овци, кози и гоеници.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...