Македонија

500 бизнисмени во Монографија на Стопанска комора

04 Jul 2022

Стопанската комора оваа година слави 100 години од своето постоење. По тој повод, подготвена е Монографија за личностите и настаните кои ги одбележаа последните 25 години.

Монографијата содржи интересни податоци за сите најзначајни активности кои го одбележале опстојувањето на Стопанската комора на Македонија низ годините (со назив Стопанска комора на Северна Македонија од март 2021 година), а посебен фокус е ставен врз личностите значајни за бизнисот во Македонија, компаниите кои биле или сѐ уште се дел од најголемата и најбројната бизнис-асоцијација, низ призмата на добиените коморски награди во последните 25 години, од кога последен пат била издадена коморска монографија. Oпфатени околу 500 личности кои биле или сѐ уште се значајни за коморското организирање и работење. Од нив, околу 270 личности се наведени со име, презиме и компанија, а околу 230 личности и со фотографија, на 209 страни.

 

Коморскиот систем е една голема разгранета мрежа низ целата земјина топка. Нема земја или поголем град каде што нема стопанска комора, затоа што бизнисот и капиталот се присутни насекаде, а како резултат на тоа, потребна е бизнис асоцијација која ќе ги сполотува бизнисите, ќе ги штити бизнис интересите и ќе се залага во име на бизнис заедницата, соопштија од Комората. 

Монографијата ќе биде официјално претставена на јавноста на денот на Комората – 14 јули 2022 година, на прес-конференција.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...