Македонија

Македонски компании од прехранбената индустрија на Б2Б средби во Полска

30 Jun 2022

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот со поддршка на економскиот советник за Полска, Амбасадорот Илија Псалтиров, a во соработка со стопанските комори од земјата и Македонската асоцијација на преработувачи МАП, Агенцијата за инвестиции и трговија од Полска и Полско-балканската трговска комора организираше “Македонско-Полски Б2Б настан” во Варшава, Полска.

Промоцијата на производите од прехранбената индустрија има за цел да обезбеди поддршка за домашните извозни компании за пласман на производите на странските пазари како и продлабочување на соработката меѓу компаниите од двете земји со крајна цел зголемување на трговската размена меѓу двете земји. 

Вкупно 12 домашни производители со свои производи се вклучија во дегустацијата меѓу кои и три винарии - „Имако“, „Бовин“ и „Далвина“, три кондиторски компании - „Витаминка“, „Мекробин“ и КИМ како и шест производители на ајвар и останати преработки од овошје и зеленчук - „Техноалат комерц“, „Алтера фуд“, „Ларс“, „Бест фуд“, „Хортена“ и „Вори“.

На настанот присуствуваа полски компании кои работат со увоз и дистрибуција на прехранбени производи за поголемите синџири на супермаркети и кои имаат интерес за соработка со македонски компании.

Во рамките на Б2Б средбите беше организиран и мини саем за дегустација на македонски производи – пијалоци, вино и храна, како и „нетворкинг“  настан каде македонските производители од прехранбената индустрија имаа можност на сопствени штандови да ги презентираат своите производи пред потенцијалните купувачи од Полска и да остварат директни средби со истите.Како резултат од средбите меѓу компаниите од двете земји беше склучувањето на договор за извоз на вино од винаријата „Далвина“, а се очекува во периодот што следи склучување на договори и со останатите компании присутни на настанот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...