Македонија

(ФОТО) ИнСторе од саемот ПЛМА во Амстердам

31 May 2022

(Ексклузивно за ИнСторе, Максим Ѓуровиќ) 

Најголемиот светски саем на приватни трговски марки, „Светот на приватните трговски марки“ во организација на ПЛМА (Здружение на производители на приватни марки) почна денес во РАИ изложбениот центар во Амстердам. Овогодинешното случување ќе биде најголемо досега, како резултатот на порастот на приватни трговски марки во Европа и пошироко. ИнСторе има свои претставници на саемот е за се ќе ве известуваме „од прва рака“. 

Повеќе од 15.000 купувачи и посетители од повеќе од 120 земји се собраа денес во Амстердам. Во изложбениот простор, посетителите имаат можност да видат повеќе од 2.500 компании изложувачи, производители и дистрибутери на стока за широка потрошувачка од повеќе од 60 земји. Изложбениот простор опфаќа 41.500 квадратни метри. Повеќе од 60 национални штандови ќе ги претстават своите производи. 

Изложбениот простор опфаќа 12 хали, поделени во три комплекси. Комплексот „Европа“ е посветен на прехранбени производи, во комплексот „Холандија“ се изложени непрехранбени производи, додека комплексот „Парк“ е комбинација од едните и другите производи. Една од најпопуларните атракции на саемот е ПЛМА Идеа Супермаркет со повеќе од 500 иновативни производи изложени на гондоли, од повеќе од 60 трговци од светот. Исто така, дел од Идеа Супермаркет се победничките малопродажни производи ПЛМА од меѓународните награди  Salute to Excellence Awards за 2022. кои оддаваат признание на трговците за иновации и квалитет во креирањето на нивните програми за приватни трговски марки. New Product Expo, пак, ги истакнува иновациите на производите и пакувањата на овогодишните изложувачи. 

На саемот се присутни 6 компании од Македонија, 37 компании од Србија, 14 од Хрватска, 10 од Словенија и две компании од БиХ. 

 

(ИнСторе во друштво на најдобрите магазини во светот) 

За организаторот:
Организатор на Саемот е Асоцијацијата на приватни трговски марки (ПЛМА), непрофитна организација основана во 1979 година со цел да ги промовира приватните трговски марки (ПЛ). Тоа е единствена организација од таков вид и претставува повеќе од 3.500 компании од 70 држави од светот. Нејзини членови се во распон од мултинационални корпорации до мали семејни компании. За повеќе информации можете да ја посетите страницата www.plmainternational.com. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...