Преку неформални канали се одлеваат над 2,5 милијарди евра годишно – пари кои наместо во домашниот Бруто домашен производ(БДП), завршуваат во приватни џебови.
Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс Тинк“ измери дека сиварта економија во 2020 година опфаќа 23,2 проценти од БДП. Според истражувањето, недовербата во системот, односно нискиот даночен морал на населението, високота корупција и неефикасните институции - се главните причини граѓаните наместо легално, да се обидуваат да заработат заобиколувајќи го системот.
Сепак трендот е опаѓачки. Сивата економија од 2006 до 2020 година е намалена од 31,6 на 23,2 проценти. Најголемо намалување имало со воведувањето на рамниот данок, потоа за време на финансиската криза во 2009 година и по воведувањето на минималната плата.Од институтот се децидни дека високите казни не се лек за сузбивање на сивата економија - туку функционалните институции.
Сивата економија не е проблем само во земјава, туку иста е сликата на цел западне Балкан, освен Хрватска каде таа е околу 10 проценти од БДП.Главните препораки од истражувањето се дека треба да се редизајнира даночната политик а- да се јакнат капацитетите за прибирање на даноци и даночниот морал кај граѓаните.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.