Македонија

„Бадел 1862“ – Македонија има нов генерален менаџер

15 Apr 2022

Златко Ивановски е новиот генерален менаџер на „Бадел 1862“ – Македонија. Тоа, пред неколку дена го објави „Метеор груп“ во чии рамки работи „Бадел 1862“.

Својата професионална кариера Ивановски ја гради во винарската визба „Тиквеш“ каде во изминатите години беше одговорен за продажбата на домашниот пазар.

ВВ Тиквеш беше одлично искуство за мене. Имав можност да работам на развој и унапредување на продажбата и дистрибуцијата и среќен сум што заедно со тимот, од кој имав огромна поддршка, успевавме да реализираме континуиран пораст во продажбата, изјави Ивановски за InStore.

Според него, „Бадел 1862“ - Македонија е компанија лидер во увозот на алкохолни пијалаци во изминатите 30 години во Македонија. Тоа е првата компанија која успева да реализира увоз по осамостојувањето на државата.

Во целиот овој период компанијата успева да ја одржи лидерската позиција и да ја развива продажбата благодарение на посветеноста на тимот предводен од досегашниот директор Љупчо Павловски. За мене преземањето на раководната позиција во компанијата претставува огромно задоволство, но и вистински предизвик. Со тимот во „Бадел“ веќе почнавме процес на анализа на пазарот и пазазрните можности, додаде тој.

Ивановски ни откри дека сè уште е рано да се прецизираат проектите кои ќе следат, но најави дека: имајќи ги предвид вложувањата во производите и модернизацијата на портфолиото кое се случува во матичната компанија во Хрватска, можам слободно да кажам дека ни престои интересен период.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...