Македонија

„Пакомак“ доби нова петгодишна дозвола за работа

07 Apr 2022

На „Пакомак“ му е продолжена дозволата за работа за постапување со отпад за уште пет години. Од компанијата соопштија дека од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање позитивно е оценета апликацијата што ја поднеле на 24 март годинава.

Ова е резултат на севкупните активности кои беа реализирани изминативе години пред се на инвестициите во инфраструктура (контејнери и канти за собирање на отпад од пакување) како и на бројните едукативни кампањи за подигнување на јавната свест на населението. Во моментов, „Пакомак“ има склучено договори со компаниите кои што создаваат 43,8 проценти од вкупниот отпад од пакување во Македонија, има договори со 20 општини  за организирано одделно собирање на отпадот од пакување, и е единствена компанија од Македонија приклучена на интернационалната мрежа за управување со отпад од пакување ProEurope и ја има лиценцата за употреба на симболот “Green Dot”, соопштија од компанијата. 

Според директорот на „Пакомак“ Филип Ивановски, исполнувањето на националните цели и продолжувањето на дозволата за работа претставува голема сигурност за сите клиенти и потврда дека компанијата е на добар пат.

И натаму ќе продолжиме со инвестиции во комуналната инфраструктура, во интензивирање на соработката со локалните самоуправи и на различни локации да има доволен број на посебни контејнери за амбалажен отпад, пред се ПЕТ, хартија, лименки и стакло, а ќе продолжиме и со едукативи кампањи во кои ќе вклучиме различни возрасни категории. Како и многупати досега, уште еднаш сакам да ја истакнам улогата на граѓаните, кои треба да дадат свој личен придонес, и да го селектираат отпадот и селективно да го одложуваат. Бидејќи на тој начин сите ние заеднички придонесуваме да имаме почиста земја, правејќи заштеда на природните ресурси, енергија и почва, вели Ивановски.

Во досегашното 12-годишно работење преку системот на „Пакомак“ собрани и преработени се над  200.000 тони амбалажен отпад. „Пакомак“ е прв и најголем колективен постапувач со отпад од пакување во земјава.

Најголемите македонски компании кои се здружени во системот за управување со амбалажен отпад на „Пакомак“ секоја година создаваат 43.807 тони амбалажа од продажба на своите производи. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...