Контролите во големите синџири маркети произлегоа од жалби на граѓани до УЈП. Управата спроведе контроли кај помали продавници, месари, ресторани односно кај различни категории на трговци, кажа директорката на УЈП, Сања Лукаревска, во емисијата „Економски магазин“ на Алсат - М телевизија.
Во моментов ја анализираме целата документација што ја добивме при извршениот попис во неколку синџири на маркети и би требало за извесно, побрзо време да информираме за се она која што го утврдивме. Контролата кај големите маркети пред се произлезе од претходни добиени претставки и претходно спроведени контроли на терен дали се почитува одлуката на Владата и измените во законот за данокот на дадена вредност. Она која што беше утврдено во различни градови а кај исти подружници од соодветни маркети, имаме утврдено дека уште на фискалните сметки стоеше 5 % за оние производи за кои што требаше да стои 0% ДДВ. Граѓаните алармираа и секако дека ние постапивме на терен. Тие неправилности наша работна обврска е да ги анулираме на лице место. И затоа направивме и толкав голем број на контроли, не само во големите маркети туку и правевме контроли и во месарите и во млечните ресторани и така натаму, значи беа опфатени различни целни групи на даночни обврзници за да видиме колку всушност се почитува одлуката, кажа Лукаревска.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.