Разговорот покажа дека е потребно создавање нова Алијанса за поддршка на државата во справување со мултикризата, со акцент на неколку приоритети.
Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), денеска оствари средба со истакнати жени-претприемачи, бизнис-лидери, сопственички на компании. На средбата се разговарало за исклучително сериозната економска состојба што добива размери на мултикриза, со сериозна непредвидливост и неизвесност.
Заеднички беше констатирано дека за надминување на амбиентот во кој функционира домашната економија потребно е сите да ги „засукаме ракавите“, да се обединиме во нова Алијанса за поддршка на државата во справување со мултикризата со акцент на неколку приоритети. Приоритетно е потребно да се преземат чекори во образованието, администрацијата, итно да се поврзат и дигитализираат процесите на министерствата во една целина и да се реши проблемот со корупцијата, се истакнува во соопштението на СКСМ.
Активностите што сега би се презеле може да помогнат во интервентно надминување на состојбите што секој ден како нови проблеми се појавуваат во работењето на компаниите. Сепка, структурното поставување на промените во државата се основа за сериозно и правилно справување со криза во некои следни периоди.
Во соопштението се додава дека во изминатите 10-ина дена стручна служба на СКСМ комуницирала со повеќе од 160 компании, при што биле посочени повеќе проблеми. Големата неизвесност и проблемите поради драстичниот пораст на цените на градежните материјали на глобално ниво го доведува во прашање склучувањето и реализацијата на договорите за јавни набавки. Проблемот со енергенсите и сложени постапки за инвестирање во фотоволтаици. Поради технички пропусти што не зависат од компаниите во реализација на обврските се активираат меници на компании што аплицирале за финансиска поддршка во рамките на Јавниот повик за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во постковид-периодот објавен од Министерството за економија. Се бара поддршка за замрзнување или одложување на каматните побарувања по примерот на ковид-кризата, да се укинат сите ограничувања во однос на сертификатите за слободна посета на угостителските објекти, ПЦР-тестовите за странски туристи за влез во државата, за да се поттикне пораст во секторот туризам и угостителство и во повеќе поврзани сектори. Итна потреба за корекција на ЗРО за недела неработен ден, намалување на притисокот од интензивните инспекциски контроли кои го оптоваруваат и така сложеното работење и опстојувањето на компаниите и сл.
Според Комората, размислувањата и предлозите на истакнатите жени-претприемачи е од особено значење во сложени услови на водење бизнис, бидејќи потврдена е улогата и моќта на носење успешни одлуки од жените како бизнис-лидери.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.