Македонија

УЈП: Завршија контролите во КАМ маркет - нема затворен објект ниту казна за трговецот

23 Mar 2022

Управата за јавни приходи, ја информира јавноста, дека завршија контролите на терен во КАМ маркети и ниту еден маркет не е затворен, ниту пак до овој момент има изречено казни кон овој даночен обврзник, соопштија од УЈП. 

Законска обврска на УЈП е да го штити интересот на граѓаните и на државата. Во таа насока а по пријава на граѓани и институции, УЈП започна со надворешна контрола, согласно законот за увид во состојбата со залихите на трговската стока во магацините и продавниците, се со цел да се утврди фактичката состојба и да се изврши споредба со книговодствената евиденција. Со првичниот и прелиминарен увид на терен, инспекторите утврдија дека дел од малопродажните објекти не само во погоре посочениот маркет, туку и кај некои други маркети на големите синџири, се пресметувалo 5% ДДВ за основните производи за храна, се вели во соопштението. 

Дел од маркетите, продавале масло за јадење, свежо говедско месо, ориз и млеко со пресметан данок на додадена вредност што пак е спротивно на одлуката на Владата и на измените во Законот за данок на додадена вредност. Кај сите даночни обврзници се проверува целокупното работење за одредениот период, односно, се контролира правилното искажување на приходите и трошоците од работењето кај даночните обврзници кои покажале отстапки по однос на примената на даночната стапка, односно со намалување на ДДВ од 5 на 0%.

Инспекторите постапуваат по пријави на граѓани и извршуваат увид и контрола, секаде каде што веќе имаше укажување и сомневање дека постојат индиции за непочитување на законите при работењето. Ќе продолжиме со континуирани контроли на терен се со цел заштита на стандардот на граѓаните. Целта на контролите не е да се казнува, туку да се укаже на сите даночни обврзници дека законот мора да се почитува, велат од УЈП. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...