Македонија

Детски ликовен конкурс на Ladna

21 Mar 2022

Ladna го отвори традиционалниот детски ликовен конкурс, годинава на тема „Моето чисто маало”, преку кој ги повикува децата да покажат како ќе ги употребат своите еко - моќи за да го исчистат своето маало. Најдобрите и најкреативните ликовни дела ќе бидат наградени со вредни награди.

Целта на детскиот ликовен конкурс на Ladna е да ја разбуди креативноста кај децата и преку зададената тема да ги натера да размислуваат одговорно и проактивно за нивната улога во средината во која живеат.

Натпреварувачкиот дел e поделен во две категории: 1) деца на возраст од 4 до 7 години и 2) деца на возраст од 7 до 10 години. Кога се работи за цртежите, нема ограничувања – тие може да бидат во која било техника.

Конкурсот започна на 2 март и ќе трае до 4 мај, по што стручното жири ќе одбере по три најдобри цртежи во двете категории. Поради неизвесноста за патување надвор од државата, наградите и оваа година ќе бидат во парична и материјална форма и тоа:

Прво место – две награди по 120.000 денари

Второ место – две награди по 20.000 денари

Трето место – два таблети за цртање

Оваа година има мала промена во начинот на учество, пришто цртежите не треба физички да се испраќаат, туку онлајн да се прикачат на веб страната ladna.com.mk, односно на линкот http://ladna.com.mk/ArtCompetitions. Оригиналните треба да се чуваат до крајот на ликовниот конкурс.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...