Согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица, започна исплата на парични средства за јули, август и септември 2021 година, односно третото тромесечие, информираа од Управата за јавни приходи(УЈП).
Согласно член 8 од Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, врши враќање на данокот на трансакциска сметка на физичкото лице по службена должност во рок од 60 дена по истекот на календарското тромесечје во кое е издадена фискалната сметка. Согласно наведеното, Управата за јавни приходи започна со реализација на исплатата на дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки за купени добра или користени услуги кои граѓаните ги скенирале во третото тромесечје од 2021 година односно во месеците јули август и септември 2021 година, соопштија од УЈП.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.