Македонија

„Европа“ отвори киоск во „Ист гејт мол“

02 Nov 2021

На денот на отворањето на новиот трговски центар, македонската кондиторска компанија „Европа“ отвори киоск (K1.K.16) на првиот кат во јужното крило (спроти „Страдивариус“) во „Ист гејт мол“.

Киоскот се протега на 10 квадратни метри, има една наплатна каса и во него работат тројца вработени. Како што информираат од „Европа“, 90% од асортиманот на компанијата е изложен на новото продажно место.

Големиот интерес за нашите производи, особено за рефусниот дел, беше јасен знак дека треба да сме присутни на во моментов најфрекфентното место во нашата земја. Ова е 15. продажен објект на „Европа“, во кој се изложени нашите најбарани производи, но и производите од ексклузивната програма. Киоскот изобилува со прекрасно украсени пакети за подароци, како и со пакет-производи за најмладите обожаватели на слаткиот вкус, изјавија за InStore од компанијата.

Следната година „Европа“ ќе прослави јубилеј од 140 години.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...