Трговскиот синџир „Жито“ денеска ја отвори новата продавница во Битола, лоцирана на улицата Север-југ, бр. 3.
Станува збор за релокација на продавницата на нов простор, така што трговецот сега има три продавници во Битола. Како што информираат од компанијата, асортиманот на производи за широка потрошувачка во релоцираниот маркет е комплетно освежен, а современото ентериерно уредување ги следи новите трендови во индустријата.
Постојано го следиме пулсот на нашите ценети потрошувачи и се обидуваме да дојдеме што поблиску до нив. Така и сега, со релокацијата на маркетот во овој дел од Битола се ставаме на располагање на сите купувачи со освежен изглед и во понудата и во организацијата. Опстојуваме на нашите столбови во деловното работење, а тоа се професионалната услуга, домаќинската атмосфера и однос, широкиот асортиман и ценовната политика што го почитува паричникот на купувачите, вели Стојанче Тодороски, аадминистративно-технички директор на маркетите „Жито“.
Дополнителна вредност во овој маркет е пилјарата Friutland, која на потошувачите секојдневно им нуди голем избор на свежо овошје и зеленчук.
Маркетот со дванаесет вработени има две наплатни каси. Отворен е седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 7:30 до 21:30 часот, а во недела и празници од 8 до 15 часот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.